(Фото) Адријана Поп Арсова е најдобра спортистка за 2019 година

Најдобрата македонска атлетичарка Адријана Поп Арсова е избрана за најдобра спортистка во 2019 година. Таа признанието го доби на вчерашната манифестација „Вечер за жени во спортот“.

„Пресреќна сум што ја добив оваа награда. Ви благодарам за прекрасната вечер“, напиша Адријана на социјалните мрежи.

Арсова годинава го постави новиот државен рекорд на маратонската трка (42.195 километри) на Виз Ер Скопскиот маратон, подобрувајќи го своето најдобро време за седум минути (2:52.52 часа).

На свеченсота беа доделени награди во 12 категории за најдобрите достигнувања на спортистките во 2019 година.  Целта на овој настан, како што велат организаторите, е да се истакнат квалитетот и значајноста на женскиот спорт, да ја промовираат заложбата за родова еднаквост во спортот и да се поттикне поголема медиумска поддршка на жените кои се активни и успешни во спортскиот сектор.

Манифестација е реализирана од граѓанската организација ТАКТ, која е активна на полето на унапредување на родовата еднаквост во спортот и промоција на лидерство преку спорт.

Scroll to Top