(Фото) Актерката Емра Куртишова со голи гради во борба против ракот на дојката

Македонската актерка Емра Куртишова, која ја игра Исаура во хумористичната серија „Преспав“, со фотографија на која прави самопреглед на градите потсети дека октомври е месец на борба против ракот на дојката.

„Чекор три: Преглледувајте ги градите додека лежите користејќи ја десната рака за проверка на левата града и обратно. Правте кружни движења со дијаметар од два сантиметра“, вели актерката Куртишова, која со години е дел од Театарот за деца и младинци во Скопје. Октомври е месец за борба против ракот на дојката. Сè повеќе јавни личности се вклучуваат во кампањите за будење на свеста кај жените редовно да одат на контрола, да прават мамографии и да прават сампореглед на градите.

 

 

Scroll to Top