(Фото) Александра од „Брза кујна“ ужива во бременоста со првото дете

Водителката Александра Илиевска, најпозната по водењето на кулинарското шоу „Брза кујна“, во моментов паузира од телевизиските аранжмани поради бременоста со првото дете.

Водителката за првпат на социјалните мрежи покажа својот труднички стомак.

„Тоа што сум бремена значи дека секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот“, напиша таа под фотографијата на Инстаграм.

Александра во 2016 се омажи со својот сопруг Александар со кој беше во врска подолго време.

Scroll to Top