Александра, ќерката на премиерот Зоран Заев, е на патување во Франкфурт, Германија. Таа сподели фотографија и неколку видеа од празничната атмосфера во германскиот град, а го привлече вниманието и со стилот на облекување – жолтиот џемпер го искомбинирала со сив капут и сребрено ланче. На социјалните мрежи коментираат дека Александра изгледа едноставно и модерно, а нејзините пријатели, пак, во коментари ѝ оставија срциња и бакнежи.
Александра на инстаграм-профилот често споделува слики од своите патувања, а објавува и фотографии со момчето Иван Проданов. Таа неодамна беше манекенка во Струмица на хуманитарната модната ревија за лицата со попреченост.
Зорица Заева во смокинг беше манекенка на ревијата во Струмица