(Фото) Ања Ветерова полугола ја најави новата песна

Пејачката Ања Ветерова со разголени слики на Инстаграм најави дека спрема нова песна на српски јазик. Таа објави неколку фотки на кои носи секси долна облека од тантела, па напиша: „Ма нема везе, све пет“ и името на песната „За петама“. Ања најави дека песната ќе биде спремна наскоро, но не откри други детали.

Пејачката последните години живее во Бостон, оти студира музика на Беркли, еден од најреномираните музички универзитети во САД. Таа често објавува видеа и слики од колеџот, и од пробите и концертите што ги одржуваат таму со колегите.

Scroll to Top