Андреј Ѓорѓиески од „ДНК“ вчера славеше пет години брак со сопругата Наталија. На „Инстаграм“ објави заедничка слика и се пошегува дека за малку ќе заборавел дека му е годишница од свадбата.
„Да не беа социјалниве мрежи немаше да знам дека пред пет години сум се оженил“, напиша тој.
Андреј и Наталија имаат едно дете, ќерката Јана (4). За неа Андреј вели дека е петтиот член на ДНК, после двата сина на Панчо.