Поп-пејачката Андријана се пофали дека со семејството е во комплексот „Македонско село“ на Водно. Повод за семејната средба и заедничка прослава е пензионирањето на мајката на Андријана, за што таа и јавно ѝ честиташе на социјалните мрежи.
„Честито пензионирање, мамо“, вели Андријана под фотографијата што ја објави на својот инстаграм-профил.
Андријана Јаневска долго време е на музичката сцена, но ретко кога споделува семејни фотографии. Таа досега многупати изјавила дека најголема поддршка има од своите родители и сестра си.