Андријана Петрушовска, скопјанката која оваа година беше дел од популарното балканско шоу „Ѕвездите на Гранд“ замина одмор.
Таа објави фотографии како се сонча и позира на зајдисонце на плажа, но и како изгледа и што прави кога не е на сцената на Гранд.
Андријана одморот го поминува читајќи книги на плажа, но и на журки во друштво на нејзина пријателка.
Таа неодамна во интервју за Репортер, изјави дека учеството во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ и донело настапи по клубови и дискотеки, но и дека работи на нејзината прва песна прва зад која стои Лазар Цветкоски и која ќе излезе во септември.
Една година помина во Белград па вели дека е среќна што била дел од шоуто. Ментор ѝ беше Ѓорѓе Давид, со кого и се слушаат и се гледаат.