Пејачката Антониа Гиговска оваа година, ќе ја претставува Македонија на Интернационалниот музички фестивал „Славјански Базар“ во Белорусија. Фестивалот ќе се одржи од 14 до 19 јули годинава во Витебск.
„И конечно можам да споделам со вас дека ќе ја претставувам Македонија на „Славијански Базар“, 2021 година“, напиша Гиговска.
Славјански базар е еден од најреномираните фестивали, на кој скоро секоја година настапуваат и пејачи од Македонија. Во 2000 година на овој фестивал Гран-при наградата ја освои Тоше Проески со песната „Тајно Моја“, на Кире Костов и Огнен Неделковски, а таму пееле и Наде Талевска, Боби Мојсов, Влатко Лозановски и други.