(Фото) Антониа Гиговска со новата фризура ги збуни фановите

Поп-пејачката Антониа Гиговска ги збуни фановите откако на „Инстаграм“ објави слика на која има нов имиџ – боб-фризура со шишки. „Ја скусив косата“, напиша таа и доби комплименти за изгледот. Но, за „Репортер“ Антониа откри дека не ја скусила навистина косата, туку дека носи перика.

„Заради тоа што го напишав, сите мислат дека сум навистина шишана. Ама, перика е“, ни рече таа.

Пејачката додаде дека сликата е направена пред да оди на снимање на емисија. Таа во моментов е актуелна со нејзината нова песна „Крива сум“, што ја промовираше пред десетина дена.

(А.Ј)

Scroll to Top