(Фото) Антониа и Мартија се модна катастрофа: Српските медиуми ги исмеаја македонските пејачки кои позираа во Белград

Пејачките Антониа Гиговска и Мартија Станојковиќ пред два дена беа гостинки на настан што се одржа во познатиот хотел „Салон 1905“ во Белград. Српскиот портал „Блиц“, кој објави слики од настанот, го коментираше стилот на гостите, па за македонските пејачки напишаа дека се модна катастрофа.

„Мартија носеше зелен фустан со предлабоко деколте, а Антониа ги истакна нозете и стомакот. Позираа самоуверено како холивудски ѕвезди, но на едната ѝ испаднаа градите, а на другата ѝ излегоа прстите од сандалите, и тоа беше доволно да се најдат во центарот на вниманието“, пишува „Блиц“.

Мартија и Антониа се прославија со учеството во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ пред неколку години. Двете имаат снимено песни и на српски јазик, а се популарни не само во Србија туку и во земјите од регионот каде што се прикажуваше шоуто.

Фото: Блиц

Scroll to Top