Атиџе, главниот лик во документарниот филм „Медена земја“, ѝ подари тегла мед на холивудската глумица Џејми ли Кертис. Актерката го покажа подарокот на „Инстаграм“.
„Изненадување. Подарок кој продолжува да дарува. Директно од изворот. Мед од медената земја. Атиџе ми остави тегличка. Ветувам ‘половина за мене, половина за нив’. Во овој случај кои се моите ‘нив’? Најслаткиот подарок и длабока приказна. Ако не сте го гледале ‘Медена земја’, ви го препорачувам“, стои во описот.
Кертис беше имппресионирана од „Медена земја“ и пред Оскарите.
„Колку совршен филм за овој момент. ‘Медена земја’ е зачудувачки. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Воодушевена сум“, напиша Кертис.