(Фото) Бени се стопи од среќа со внукот Ијан

Рок-пејачот Бени Шаќири не крие дека ужива да го поминува времето со шестмесечниот внук Ијан, кој е син на сестра му Нора. Тие двајцата на социјалните мрежи ја објавија сликата на која Ијан се смее додека Бени го држи во рацете. „Безусловна љубов“, напиша Нора, а нивните пријатели коментираат дека Бени се стопил од среќа.

Неодамна Нора во разговор за „Репортер“ ни откри дека поради тоа што таа се породи на почетокот на пандемијата, кога се знаеше малку за болеста, Бени решил првин да го гледа внукот само преку видеоповици на „Вибер“. Тој дури по еден месец, првпат го видел Ијан во живо.

„Емоции. Тоа беше љубов на прв поглед. Неизмерна среќа, која не се опишува, особено што мојот брат не можеше да го види еден месец по неговото раѓање“, рече тогаш Нора за првата средба на вујкото и внукот.

 

Scroll to Top