(Фото) Бети и Стево модно ускладени на премиерата на „1000 години Сведок на Светлината“

Претседателот Стево Пендаровски и сопругата Елизабета Ѓорѓиевска вчера беа на премиерата на документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“.

Станува збор за филм посветен на еден од најубавите и најзначајни македонски манастири Св. Јован Бигорски.

Првата дама го привлече вниманието со елегантен црвен фустан, додека Пендаровски носеше костим со виолетова вратоврска.

„Гордоста на македонскиот народ и македонската Црква, симболот на непокор, кој одбележа 1000 години од своето постоење“, рече Пендаровски по премиерата.

Scroll to Top