Поп-пејачката и претседателка на Здружението “Борка“- Биба Додева, се пошегува на своја сметка, откако објави фотографии дека ја утнала бојата на косата. Се пожали дека испаднала портокалова, откако дома сама си ја бојадисала косата.
“Моментот кога сама ќе си ја направиш косата помаранџеста, па чекаш да примети фризерката и да ти свика на фб ” веднаш да си ми дошла у салон“, се шегува Додева.
Како и да е, пријателите на Биба, ја бендисаа во косата : Не ти е лоша, можеш и вака да ја носиш“. Изминативе три месеци откако сите се во карантин и пандемијата не застанува, и познтите често споделуваат фотографии како дома сами се средуваат, наместо да одат во салони. Кога Грција ги разлабави мерките, прво што отвори беа фризерските салони, за како што рекоа “да се врати малку самодовербата кај луѓето“