Поранешната пејачка Бојана Атанасовска, која пред повеќе од една година стана мајка, сподели слика од својот сопруг и ќерката.
„Што да се каже, драги луѓе, вреди да се живее за оваа насмевка, дајте да не заборавиме да се смееме“, порача пејачка, која веќе неколку години музиката ја заменува со водителството.
Инаку, Бојана е во брак со Васко Скендеровски, кој е директор на македонската футсал-репрезентација и успешен бизнисмен.