(Фото) Дани се потстрижа кратко и е сосема поинаква со новата фризура

Поп-пејачката Дани Димитровска се пофали со новиот изглед. Таа на „Инстаграм“ за рубриката „Прашања и одговори“ објави фотографија со новата фризура.

Кратка коса со кркми убаво ѝ прилега, коментираат фановите. Пејачката е препознатлива по нејзината кадрава коса, но често и експериментира со промена на бојата и должината.

Таа е позната по енергичниот музички стил, а за „Репортер“ ни изјави дека и на 80 години ќе биде пргаво бесно девојче. Таа изминатиот период направи пауза на домашната сцена поради пандемијата на коронавирусот.

Scroll to Top