Вчеравечер во Штип започна Фестивалот на забавна музика „Макфест“. Првпат годинава се одржуваше надвор, на плоштадот „Слобода“.
Со евргрини и песни кои потсетија на времињата, вчера настапија, речиси сите познати пејачи од естрадата кои некогаш пееле на овој фестивал и зад себе имаат хитови.
Од „Интревали“, до Ристо Самарџиев Олгица Христовска, Џокси, Трајче Манев, Лидија Кочовска….А, меѓу нив и Мики Јовановски -Џафер, чија “Сонце за три света“ и денес е хит.
По настапот тој беше во друштво со своите колеги, но и со уредничката на сајтот ММС, Весна Миленковска, со која долго време се дружат.
„Со најзгодниот дедо сум вечерва, вели на шега Весна. Џафер , неодамна стана дедо и доби внук од едната ќерка. Вели дека е пресреќан и дека сега се се врти околу внукот, но и дека тој добро се снаоѓа во оваа улога.
А.Георгиев