(Фото) Џани Алиоски отиде на молитва во Мека

Македонскиот репрезентативец Џани Алиоски беше на молитва во Мека пред крајот на постите за Рамадан, кои завршуваат на 1 мај. Мека се смета за најсветиот град за сите муслимани во светот, па повеќето барем еднаш во животот доаѓаат тука на молитва додека траат постите.

Џани на социјалните мрежи објави неколку фотографии од денот поминат во Мека, каде што според традицијата, беше во бела наметка и бос.

За потсетување, Џани веќе неколку месеци игра за „Ал Ахли“ од Саудиска Арабија. Тој неодамна во интервју за „Репортер“ кажа дека зборува седум јазици и дека откако потпиша за новиот клуб, сега ќе се потруди да го научи и арапскиот јазик.

Scroll to Top