Водителот Димитар Атанасовски се пофали на социјалните мрежи со својата нова фризура, која многу наликува на пајак фризурата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Димитар ја скратил косата и брадата, а на Инстаграм напиша дека не може само Оливер да носи пајак фризура.
Неодамна министерот за внатрешни работи Спасовски во собрание се појави со измазнета фризура, а медиумите пишуваа дека многу наликувало, како пајак да му се качил на главата.
Министерот сосе фризурата, па и „раздељакот“ предизвика коментари во јавноста.
Многумина рекоа дека е ем смешна, ем старомодна. Некои пак, со добронамерен совет му порачаа дека треба да се консултира со познати фризери кои може да му дадат некоја идеја како да ја носи косата.