(Фото) „Доаѓам од Македонија, а македонскиот јазик е секси“, Лозано доби награда на MAC

Пејачот Влатко Лозановски на доделувањето на балканските музички награди МАC во Белград ја доби наградата за најдобра регионална поп-фолк песна. Наградата е за песната „Мајко“, а победи во конкуренција со „Тропико бенд“, Наташа Беквалац, Антонија Шола, Илма Карахмет и „Лексингтон бенд“.

Лозановски кажа дека зборува македонски и дека доаѓа од Македонија, а не од земјата со новото име. Тој дури го поправи и презентерот “Морам да го поправам Сале, тоа е Македонија, не е тој додаток што го кажа пред малку“, рече Лозано пред присутните.

„Сакам да ги поздравам сите Македонци коишто ме поддржуваа повеќе од една деценија. Се надевам дека нема да ми замерите што зборувам на македонски. Во неколку наврати имам слушнато дека на Јелена Карлеуша ѝ е секси јазик“ – рече Лозано .

Scroll to Top