Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, денес полни 38 години. Овој пат, роденденот го славеше поинаку, заради короната, само со семејството. Тој на социјалните мрежи објави фотка со синот и ќерката, но вели дека ја имал најубавата роденденска журка што можел да ја замисли.
„Најдобриот подарок за мојот роденден“, напиша тој, па доби многу честитки од пријателите и фановите.
Иџе неодмна го заврши натпреварувањето во ТЦР Италија и имаше една победа во сезоната. Претходно заради пандемијата го пропушти првиот дел од трките. По последната трка во Имола, тој откри дека е позитивен на корона.