Поранешната манекенка Дунавка Трифуновска објави фотографија од летен одмор заедно со нејзиниот брат близнак. Фотографијата е направена во 1995 година, во Кушадаси, Турција.
„Докторот не сака да објавува слики во бикини, ама сестра му сака. Убави спомени од летните одмори во Кушадаси, Турција“, напиша Дунавка.
Инаку братот на Дунавка, Дејан по професија е стоматолог и таа ретко објавува заеднички фотографии.. Во 2016 година Трифуновска се пофали како е облечена на неговата свадба. Облечена во долга светкава тоалета, со круга на главата и лента на која пишува „Мис на Македонија“.
Дунавка минатата година се вери со поранешниот директор на финансова полиција Ване Цветанов, кој ја побара во авион додека летале до Турција. Додека свадбата ја направија во март минатата година.