Манекенакта Дунавка Трифуновска во придружба на црн пес од расата доберман вчеравечер беше на модна ревија за долна облека. Бизнисменката која ја претставуваше Македонија на „Мис гранд интернешнал“ во Бангкок и овој пат го првивлече вниманието, заради изгледот, таа и овој пат беше облечена провокативно и секси. Трифуновска, која е дипломиран фармацевт, често е дел од модните настани кај нас, а неодамна снимаше и спот со Владо Јаневски.