(Фото) Две години по породувањето Сара Мејс се врати на старата линија

Пејачката и харфистика Сара Мејс пред две години се породи со ќерката Илина. Kако секоја жена по породувањето, така и Сара, во постпородилниот период имаше некое кило вишок, и тоа и самата знаеше да го потенцира кога ќе објавеше фотографија на социјалните мрежи.

„Плус-сајз фешн модел. Отсекогаш сакав да бидам пополничка. А и сакам да си ручам“ – напиша Сара под оваа фотографија.

Но изминатив период таа ја сменила исхраната, многу вода и пет дена во неделата фитнес и кардио, за конечно да почне да слабее и да се враќа во форма.

Летово Сара со Димитар и Илина уживаа покрај езеро и базен, па пејачката објави и фотографии на коие во  костим за капење и се гледа дека е вратена во форма како и прeд да остане бремена.

Scroll to Top