(Фото) Едина Муса: „Ова можеби е машки свет, но тој е ништо без жените“

Кошаркарката Едина Муса беше една од ретките дами кои неодамна присуствуваа на манифестацијата Спортист на годината, што ја организираше Агенцијата за млади и спорт. Муса објави слика од доделувањето на наградите, и го привлече внимението со изгледот, но и со коментарот што го остави.

„Ова можеби е машки свет, но тој би бил ништо, навистина ништо без жените“, напиша таа.

И додека едни ѝ рекоа дека е многу секси во белото палто со голи нозе, други ја критикуваа дека коментарот што го напишала е „сексистички и навредлив“.

Едина, која долги години активно се занимава со спорт, од оваа сезона игра кошарка за клубот „Работнички“, кој го формираше пред неколку месеци заедно со нејзиниот татко, познатиот тренер Амди Муса.

Фото: Инстаграм

Scroll to Top