(Фото) Елена и Гуте од „Гранд“ слават годишница од брак

Ѕвездите на „Гранд“ Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ прославија една година во брак. Тие двапати слават годишница, еднаш на денот кога се венчаа во матично во Србија, а вторпат на денот кога правеа црковна венчавка и свадба во Македонија.

„Моја поддршка, мој пријател, моја љубов. Секој ден со тебе е привилегија. Ние сме од оние кои имаат две годишници. Колку сме среќни што е така“, напиша Елена и објави слики од свадбата во Скопје.

Претходно, во интервју за „Репортер“ Елена и Гуте раскажаа дека решиле да прават две свадби за да ги испочитуваат двете семејства. Тогаш ни открија и дека немале адети, оти се многу и македонските и српските, па не сакале да пропуштат дел.

„Кога решивме да се венчаме, јас побарав дозвола од татко ѝ на Елена. Тој неколку пати ме праша дали сме сигурни. Да, сигурни сме“, рече Гуте во интервјуто.

Двојката има едно дете, синот Максим.

Scroll to Top