(Фото) Елена Ристеска иста Моника Белучи

Поп-пејачката Елена Ристеска на социјалните мрежи објави разголени фотографии, сликани на Попова Шапка. Елена на себе носи крзно, а фотографиите ги направила нејзина блиска пријателка. Пејачката доби голем број пофалби од фановите. Тие ѝ порачаа дека е многу убава, а некои од нив ја споредија со италијанска актерка Моника Белучи.

„Јас мислам дека Моника Белучи би ти позавидела на твојата убавина. Најубава. Природата не штедела кога те дарувала со волку убавина. Перфектна“, се само дел од коментарите на нејзините обожаватели.

Пејачката минатата година беше во посета на Америка, во Њујорк и Мајами, каде работеше на снимањето на нејзината нова песна и спот.

Scroll to Top