(Фото) Елена Ристеска стана русокоса

Поп-пејачката Елена Ристевска има нова, руса боја на косата. Таа на Инстаграм се пофали дека сега е блондинка. Елена откри дека го сменила имиџот во студиото на нејзиниот долгогодишен пријател и соработник, Даниел Николовски. Тој повеќе од десет години се грижи за нејзината шминка и фризура.

Инаку, Елена подолг период нема снимено нова песна. Таа не крие дека наскоро ќе се врати во јавноста, ноне со музика, туку со нејзината козметичка линија „Ера“ и дека прво ќе ги промовира парфемите за жени и мажи.

Scroll to Top