Во розoв мантил и високи потпетици, сликана близу Триумфалната капија, македонската водителката Елена Стефановска се пофали дека е во Париз. Таа таму го прослави и својот роденден. Водителката на „Инстаграм“ сподели неколку фотографии од патувањето, а фановите ем ѝ честитаа роденден, ем ѝ го пофалија стилот, велејќи дека изгледа шик и урбано.
Елена се пофали и дека посетила неколку познати француски ресторани, но и дека се прошетала низ една од најубавите париски улици, Шанзелизе.