(Фото) Елена Велевска на кафе со сестра ѝ

Фолк-пејачката Елена Велевска, иако е постојано активна на социјалните мрежи, ретко споделува семејни фотографии. Овој пат, таа на Инстаграм објави слика како ужива на кафе со сестра ѝ Снежана. Фановите на Велевска коментираат дека двете дами многу личат една на друга, дури и потсетуваат на близначки.

Пејачката неодамна се врати од Турција, каде што беше на одмор со трите деца. Таа во интервју за „Репортер“ кажа дека наскоро планира да се пресели во Скопје од каде ќе ѝ биде поедноставно да ја тера кариерата. Сега е во Прилеп, каде што живее по разводот со сопругот.

Scroll to Top