(Фото) Елена Велевска за роденденот си купи „Мерцедес“

Фолк-пејачката Елена Велевска за својот 38. роденден се почести со нов автомобил mercedes cla 200d. Таа за Репортер.мк вели дека ѝ се потребни промени во нејзиниот живот кон подобро и кон белата боја.

„За роденденот се почестив со нов автомобил mercedes cla 200d. Време е за промени во мојот живот и тоа на бела боја и самата најдобро знам што ќе ме израдува и што ми треба во моментов. Новиот автомобил ме направи пресреќна, зашто најубаво е да си купиш нешто што го сакаш. Посреќни од мене се децата и сега сум им таксист“, изјави Велевска за Репортер.мк.

Пејачката пред два месеци го привлече вниманието на јавноста , откако потврди дека ќе се разведува со сопругот Марјан. Кратко потоа, таа кажа дека се смириле и дека заради трите деца сакаат да му дадат уште една шанса на бракот.

Љ.В.

Scroll to Top