Во црно танга боди, поп-пејачката и диџеј Фани Христова, вежба јога дома и за време на полицискиот час. Познатата диџејка не крие дека јогата ја смирува. Таа често знае да сподели слики од своите тренинзи и на социјалните мрежи. Фани пред три години дипломираше јога на Универзитетот во Тајланд, а следната година и магистрираше.
„Мојата работа е стресна, секоја вечер пуштам музика во некој клуб, и навистина јогата е онаа која ме смирува“, ни кажа тогаш Фани за „Репортер“.