(Фото) Фасада се урна врз автомобилот на Тошо Малерот

Од силниот ветер кој вчера дуваше во Скопје се одрона фасада и падна врз автомобилот на популарниот Васко Тодоров -Тошо Малерот. Ова се случи во зградите во населбата Козле, во близина на основното училиште „Владо Тасевски“, каде што живее Тодоров.

Вчера вечерта силен ветер дуваше во Скопје, па ги однесе и фасадата на МЕПСО, покривот на средното хемиско училишпте, како и фасади на многу други згради и објекти.

 

 

 

Фото:  Фејсбук
Scroll to Top