(Фото) Фолк-пејачките завршија во ноќен клуб

Фолк-пејачките Татјана Лазаревска, Адријана Кеш и Сани Апостоловска вчеравечер се дружеа во еден од скопските ноќни клубови. За дружбата се пофалија со неколку слики на социјалните мрежи.

„Многу љубов на една слика“, напиша Адријана покрај заедничката фотографијата што ја објави на Инстаграм. Доби комплимент дека трите изгледаат како бонбончиња.

Адријана и Сани беа облечени во сребрени фустани со длабоко деколте, а Тања избра црна комбинација со сребрени чизми.

Татјана неодамна се врати од Австралија. Таа често излегува со своите пријатели од естрадата и објавува слики од дружењето со нив. Веднаш по враќањето се сретна со пејачите Горан Тодоровски и Росана Сариќ – Тодоровска. Тања во Македонија ќе остане три месеци, а потоа ќе се врати во Австралија.

Scroll to Top