(Фото) Фризерка од Прилеп направи портрет од коса и со ликот на Атиџе

Познатата фризерка од Прилеп  Светлана Зуламоска во пресрет на Оскарите со коса го изработи ликот на главната хероина од филмот „Медена земја”, Атиџе Муратова.

“Медена земја” беше номинирана за два Оскари, за најдобар странски и најдобар документарен филм, но оскарот го доби „Амерканска фабрика“ за документарец, односно, „Паразит“ за странски филм.

Светлана Зуљамоска-Гроздановска, фризерка и шминкерка од Прилеп, постојано прави  портрети од коса на познатите. До сега таа ги има направено починатата поп-ѕвезда Тоше Проески, Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Кире Лазаров, Лила Филиповска и многу други. Светлана гледа во нивните слики, па со косата што останува на земјата откако ќе ги потстриже муштериите во салонот, го прави ликот.

„Портретите ги изработувам откако ќе ми заврши работното време. Потребни ми се 3 до 4 часа да изработам еден лик, а откако ќе ги направам, следното утро ги растурам пред да дојдат муштериите. Затоа малкумина ги гледаат во живо, само преку ‘Фејсбук’ и ‘Инстаграм’“, раскажа неодамна за „Репортер“.

Scroll to Top