Македонскиот фудбалер Александар Трајковски стана татко втор пат. Тој и неговата сопруга Александра ја добија ќерката Искра.
Тие го имаат синот Матеј, кој има 5 години.
„Љубов моја, жено, кралице, ти благодарам што на свет донесе една принцеза. Се роди Искра“, напиша Трајковски.
За потсетување, Трајковски често знае да истакне дека неговото семејство му е сè, односно дека токму тие му се најголемата поддршка во животот и кариерата.
„Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија!“, напиша тој на „Инстаграм“, откако им даде гол на Италија и го елиминира поранешниот светски шампион од Мундијалот.
View this post on Instagram