(Фото) Фудбалерот Александар Трајковски вторпат ќе стане татко

Македонскиот фудбалер Александар Трајковски со сопругата Александра го чекаат второто дете. Тој објави нивна заедничка фотографија на која Александра го покажа трудничкото стомаче.

„Заедно со моето семејство“, напиша Трајковски, кој веќе со Александра го имаат петгодишниот син Матеј.

За потсетување, Трајковски често знае да истакне дека неговото семејство му е сè, односно дека токму тие му се најголемата поддршка во животот и кариерата.

„Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија!“, напиша тој на „Инстаграм“, откако им даде гол на Италија и го елиминира поранешниот светски шампион од Мундијалот.

Scroll to Top