(Фото) Гавазова наздрави со шампањ: „Ќе ја победиме короната со сонцето“

Фолк-пејачката Сузана Гавазова се спрема за летото. Таа викендот го помина на базен, па отвори шише шампањско и наздрави за крајот на короната. Вели, сонцето ќе ја победи и вирусот наскоро ќе го снема.

„Да наздравиме драги мои! Ни доаѓа летото и имам претчувство дека коронавирусот ќе го снема, ќе го победиме заедно со сонцето кое силно свети за нас“, напиша Гавазова на видеото што го сподели на „Инстаграм“.

Пејачката периодов нема настапи, но често одржува онлајн концерти, а на еден од нив пееше заедно со Елена Велевска.

Scroll to Top