Водителката од кулинарското шоу „Брза кујна“, Александра Илиевска, го прослави својот роденден. „Само смирено, ова е мојот 35. роденден“, напиша таа на „Инстаграм“.
Водителката го прослави роденденот само неколку дена откако славеше годишнина од брак со сопругот Александар Илиевски. Двојката е заедно четири години.
„Не те сакам поради тоа кој си, туку и поради тоа која сум кога сум со тебе“, напиша тогаш Илиевска и објавија нивна заедничка фотографија.