Само што пристигна македонската репрезентација на Македонија во Кожани и го одработе единствениот тренинг, во хотелот каде се сместени ракометарите и пред салата во која тренираа се собрале луѓе за да прашаат каде е Кире Лазаров.
Најдобриот стрелец на сите ЕП и СП и во Лигата на шампионите е добро познат во Грција. „Сите што дојдоа сакаа да се фотографираат со нашиот капитен. Никому не му сметаше што тој беше облечен во тренерка на која го имаше името Македонија. Поважно беше во телефонот да се има сувенир со еден од најдобрите светки играчи на денешницата“, пренесе 24rakomet.mk.