(ФОТО) Груевски на оро, Затуроска го женеше синот

By

Поранешниот премиер Никола Груевски беше гостин на свадбата на синот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска. Дека го жени синот Горан за Илина, Затуроска сподели неколку фотографии на својот фејсбук-профил.

Со македонски народни песни се терала свадбената веселба во хотел во Струга, а Груевски понесен од амбиентот се фатил на орото.

Свадбата на синот на пратеничката била според сите традиционални македонски обичаи сосе веење на бајракот, народна носија и адети. Освен Груевски, на свадбата имало и други партиски колеги на пратеничката од ВМРО-ДМПНЕ.

Ќе ви се допадне