(Фото) Хелена Роза си купи автомобил Тесла: Сакам работи што се брзи и секси

Поранешната водителка Хелена Роза, која неколку години живее на Нов Зеланд со семејството, се пофали дека си купила кола од марката Тесла. Сликите ги објави на Инстаграм, па вели: „Мојата Тесла модел 3. Си купив Тесла зашто сакам работи што се брзи, секси и со висока технологија“.

Неколку дена претходно Хелена објави фотки од внатрешноста на Тесла. Тогаш го цитираше Волт Дизни па напиша дека соништата се исполнуваат, само ако имаме храброст да веруваме во нив.

 

За потсетување, Хелена се пресели на Нов Зеланд во 2015 година. Две години подоцна во интервју за „Репортер“ раскажа дека на почетокот со сопругот Игор работеле сè за да заработат, а таа едно време го чистела салонот на Ауди. Потоа се вработи во продавница за очила, каде што стана менаџер.

„Секојдневно бришев прав од 120 бироа. Но, немав проблем со тоа. Не ми беше важно дали ќе перам или ќе чистам зашто тоа ми се исплатеше“, раскажа тогаш Хелена во интервјуто и откри дека е пресреќна со животот на Нов Зеланд иако ѝ недостигаат мајка ѝ Роза и сестрата Ребека со внуците.

Scroll to Top