Владимир Крстевски-Франц, поранешниот гитарист на групата „Нокаут“, го прослави вториот роденден на ќерката Мелоди. Тој и неговата сопруга Ема ѝ направија журка во Холивуд, каде што живеат веќе шест години. Сликите од забавата ги објави Ема на социјалните мрежи и откри дека таа и нејзината мајка сами ја направиле тортата.
„Најсреќен роденден на нашата најслатка Мелоди. Ти си светлината на нашите животи. Многу те сакаме“, напиша Ема.
Франц и Ема, кои се венчаа 2014 година, освен Мелоди, ја имаат и ќерката Мона, која се роди пред неполна година. Тие брзо по венчавката се преселија во Лос Анџелес, а Франц оттогаш многу ретко се занимава со музика.
Тој во едно скорешно интервју рече дека му фалат деновите со „Нокаут“ и дека сака во иднина повторно да сними нешто ново.