(Фото) Ијан ти си мојот најголем успех: Нора го прослави вториот роденден на синот

Ијан, синот на поранешната новинарка Нора Шаќири и музичарот Марко Марковиќ, денес полни две години. Роденденските свеќички Нора ги стави на мафин наместо на торта, па објави неколку фотографии на социјалните мрежи и емотивна порака за Ијан.

„Двојче за Ијан. Фала му на Бога што ми те даде. Ти си мојот најголем успех, мојот свет, љубов неизмерна. Биди ми здрав и жив, бескрајно среќен, секогаш насмеан сине мој. Би те родила уште 100 пати брливко мој. Мама и тато се секогаш и засекогаш тука да ти го прават секој ден шарен. Среќен втор роденден Ијан мајкин,“ напиша таа.

Неодамна во интервју за Репортер, Нора раскажа дека името Ијан име било желба на сопругот Марко. Ни кажа и дека тешко забременила поради проблемите со тироидната жлезда.

„И тамам кога помислив да направам ин витро или да посвојам дете, се појавија две цртки на тестот за бременост. Не можев да верувам дека тоа се случува“, рече тогаш Нора и ја раскажа и приказната за името на Ијан, за кој Бени се шегувал со Марко дека треба да носи име по нивниот дедо Дурак.

Scroll to Top