(Фото) Исаура од „Преспав“, актерката што ја освои македонската публика

Со улогата на помошничката Исаураво „Преспав“  актерката Емра Куртишова (34)  стана една од омилените на јавноста. Улогата и донесе  популарност и кај повозрасните, бидејќи како професионален актер во Театарот за деца и младинци во Скопје,  помладата публика веќе ја знае.

Но, сега повеќето ја препознаваат како Исаура – љубовта на Талат.

Емра во 2009 година дипломира на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, а досега има одиграно бројни претстави за деца. Изминатата 2019 година таа ја одигра 50-та изведба на детската претстава „:„Check in: Пред зграда”, додека сега новиот репертоар во ТДМ го започнува со “Цветната улица“.

За себе вели дека приватно е обична девојка, а за неа театарот и прави топло на душата.

Scroll to Top