Иванна Хаџиевска, до извесно време шефица на протоколот на премиерот Зоран Заев, а сега советник за меѓународни односи и соработка со оргнанизации, е една од ретките јавни личности кај нас што на работното место оди со точак. И не само на работа, туку и речиси во сите институции таа доаѓа со велосипед. Така и овој пат, Иванна во кежуал-издание, црно сако во комбинација со патики, ја забележавме низ центарот на градот.
Иванна до скоро беше шефица на протоколот на Заев. Таа во интервју за „Репортер“, тогаш ни кажа дека да се работи со премиерот Заев е огромно задоволство. „Но, не затоа што се работи за премиер на државата, туку, пред сè, затоа што јас работам за човек, а потоа за политичар“, ни откри во тогашното интервју Хаџиевска. Таа е дипломиран социолог и магистер на политички науки. Иванна некогаш беше дел од тимот на телевизијата „А1“, со екипата на „Ексклузив“.