(Фото) Изненадување од Америка за 50 роденден на Индира Кастратовиќ

Индира Кастратовиќ, една од најдобрите македонски ракометарки, вчера наполни 50 години. Таа на Инстаграм се пофали дека најубавото роденденско изненадување го добила од ќерката Сара, која живее во Америка. „Те сакам најмногу на светот“, напиша некогашната ракометарка на „Кометал“ на сликата со подарокот од ќерката. Таа објави слика и од роденденската торта што ја добила од своја пријателка.

Индира е родена на 2 октомври 1970 година во Бања Лука. Ракомет игра од 15 години, а три години подоцна го потпиша својот прв професионален договор за екипата „Халас Јозеф“ од Војводина. Во 1994 година почна да игра за „Кометал Ѓорче Петров“, екипата со која во 2002 година ја освои титулата во Лига на шампионите. Таа настапуваше и за репрезетацијата на МАкедонија и на СП во Германија 1997 година беше прогласена за најдобар стрелец на првенството со постигнат 71 гол. Од ракометот се повлече 2006 година, а потоа едно време работеше како тренер на ЖРК Вардар.

Индира е во брак со ракометниот стратег Зоран Кастратовиќ со кого ја има ќерката Сара.

Scroll to Top