(Фото) Калиопи со Васил заедно за роденденот: Пандемијата ги спои бившите сопружници

Поп-дивата Калиопи вчера славеше роденден со својот поранешен маж Васил Зафирчев. Опуштено, дома, без голема забава заради мерките за заштита од короната. „Среќен роденден драга Опи“, напиша Васил на сликата што ја објави на „Инстаграм“.

Калиопи, која наполни 54 година, претходно сама си го честита роденденот со фотки од детството и со порака дека „малата Опи секогаш ќе живее во неа“.

За потсетување, Калиопи и Васил беа во брак од 2004 до 2011 година. Тие се венчаа во црвката Света Петка, а потоа направија голема забава во хотелот „Александар Палас“. Црковен кум им беше актерот Дејан Лилиќ, а сведок во матично, кралицата на ромската музика, Есма. По разводот, Калиопи и Васил останаа пријатели и постојано јавно си даваат поддршка за сè што работат.

Scroll to Top