(Фото) Канадски продуцент исфрлен од црвениот тепих на фестивалот во Кан оти дошол со пантофли

Канадскиот продуцент Келвин Редверс беше исфрлен од црвениот тепих во Кан затоа што носел традиционални мокасини, автентични за неговата култура. Обувките биле  рачна изработка од неговата сестра. Тој за  „Variety“ изјави дека се чувствувал како криминалец само затоа што ја претставил својата култура на најголемиот светски филмски фестивал. Иако подоџна модните критичари пишуваа дека личат на домашни пантофли, канадскиот продуцент вели дека тоа биле традиционални мокасини.

Продуцентот од Ванкувер, Келвин Редверс бил во редицата со цел да прошета на црвениот тепих за светската премиера на филмот „Les Amandiers“ на режисерката Валери Бруни Тедечи, кога наеднаш беше запрен од обезбедувањето и отстранет од црвениот тепих. Тој беше дел од контингентот на автохтони продуценти кои за првпат беа во Кан и ги претставуваа своите проекти.

Келвин беше во соодветна облека, но елегантните чевли ги замени со пар традиционални кафени мокасини – „Dena“, на автохтониот народ од северозападната територија на Канада, каде  пораснал.

„Се надевав дека ќе носам пример од нешто што би се сметало за формално за мојата култура, а тоа беше прекрасен пар мокасини кои ги изработи мојата сестра“, изјави Редерс и додаде дека бил прилично возбуден што ќе ги носи. Но штом обезбедувањето ги забележало мокасините, тој бил исфрлен од црвениот тепих.

Порано на жените не им беше дозволено да носат рамни чевли. Иако неговиот колега се обидел да објасни дека Кан треба да биде флексибилен за традиционална етика од различни култури, протестите биле залудни.

„На прилично агресивниот чувар му здодеав, па така тој ми се втурна во лицето и му рече: ‘Треба да заминеш, веднаш. Оди сега’. Бев многу збунет и повреден, се чувствував посрамено. Ме третираа како криминалец затоа што само се обидував да ја носам својата свечена традиционална облека”, изјави Редверс.

На Редверс му кажале дека ќе му дозволат да се врати на црвениот тепих откако ќе ги облече вообичаените чевли. По поплаките, продуцентот бил поканет на друга проекција на која сепак дојде на црвениот тепих во традиционалните обувки.

Кан имаше долга историја на контроверзии на црвениот тепих, а порано ги одбиваше жените кои носеа рамни чевли наместо високи потпетици. Иако ова правило на крајот беше напуштено откако  ѕвездите како Џулија Робертс и Кристен Стјуарт протестираа боси на тепихот.

Scroll to Top